Супер Ѕвезда Фестивал 2012

Печати

Драги другарчиња,

На 21 и 22 Април во Универзална сала ќе се одржи Детскиот музички фестивал Супер Ѕвезда 2012. Оваа година промотивно ќе бидат изведени 42 композиции, а како специјален гостин ќе настапи Викторија Лоба. На фестивалот како солисти ќе учествуваат дечиња од сите краеви на државата. Влезниците се по симболична цена од 100 денари, а претставите се со почеток во 11, 17 и 19 часот. Ви го презентираме списокот со овогодинешните солисти и насловите на песните со кои ќе настапат.

">

 

Уписите се во тек!

Печати

Драги посетители! Во тек е уписот на нови членови. Пријавувањето важи за сите деца кои имаат желба за играње и пеење на возраст од 5 до 12 години, а наставата започнува во месец Септември. Новите членови ќе имаат можност да учат, да другаруваат, да учествуваат во телевизиските емисии и да настапат на детскиот музички фестивал Супер Ѕвезда. Повеќе информации ќе најдете во видеото. Доколку сакате да се пријавите како солист и да настапите со сопствена песна на нашиот фестивал, потребно е да се запознаете со пропозициите за учество. Ве очекуваме!

   

ДВД Супер Ѕвезда 2011

Печати

Конечно е пуштено во продажба новото ДВД издание Супер Ѕвезда 2011 кое е гордост на нашата продукција. Ви го претставуваме првото македонско караоке издание на кое се наоѓаат 45 најнови детски хитови.

   

Супер Ѕвезда 2011 на youtube.com

Печати

Драги малечки пријателчиња, песните од Супер Ѕвезда 2011 од сега па натаму може да ги гледате во секое време на интернет. Плеј листата од песничките може да ја најдете тука.

   

Супер Ѕвезда 2010 на youtube.com

Печати

Фестивалот Супер Ѕвезда 2010 од денеска па натаму ќе може да го гледате на youtube.com
Плејлистата со сите песни е поставена на следниот линк, каде само со еден клик цели два часа ќе може да уживате во нашите песни.
Новото ДВД издание Супер Ѕвезда 2010 ќе се појави на крајот на месец Септември!

 

   

Фестивал Супер Ѕвезда 2010

Печати

На 18 и 20 Април во Универзална сала - Скопје се оддржa Детскиот Музички Фестивал СУПЕР ЅВЕЗДА 2010. На фестивалот премиерно беа изведени 46 композиции, а учествуваа околу 150 деца од разни градови на Македонија. Песните ги напишаа голем број на познати композитори и продуценти меѓу кои: Александар Масевски, Јован Јованов, Кристијан Габроски, Дарко Димитров, Оливер Димитров, Драган Мијалковски, Дарко Мијалковски, Огнен Неделковски и други. Специјален гостин на фестивалот беше ѕвездата на М2 продукција - Елена Ристеска со ремикс на еден од нејзините најголеми хитови - "Доста". Првиот дел од фестивалот премиерно ќе биде емитуван во програмата на Алфа Телевизија на 15 Мај, додека вториот дел ќе се емитува на 22 Мај.

 

 

 

   

Супер Ѕвезда на Алфа Телевизија

Печати

На 12.02.2010 на Алфа Телевизија започнува 12-тата сезона на Супер Ѕвезда!
Термините остануваат исти: Емисијата се емитува во Сабота во 10:00 часот, со реприза во Среда во 12:00, а Топ Листата ќе може да ја гледате секој ден во 10:15 часот! Ќе не видите во сосема ново светло, со подобрени содржини и сосема нов дизајн. Најдобрата детска емисија - Супер Ѕвезда, во издание подобро од било кога до сега!

   

Супер Ѕвезда ДВД 2009

Печати

   

Повеќе Артикли...

Страница 1 од 2